10 основни предности на рекламирањето на интернет – Дел 2


Последниве години сите зборуваат за рекламирање на интернет. Дел од компаниите користат интернет како канал за рекламирање, дел сеуште имаат страв да инвестираат во тој канал. За сите кои се двоумат дали да се рекламираат на интернет и не се сигурни што можат да очекуваат, решивме да ги споделиме 10-те основни предности на рекламирањето на интернет. Првиот дел од оваа статија можете да го погледнете овде, а сега да продолжиме со набројувањето на позитивните страни за интернет рекламирањето.

6.Во интернет можете да таргетирате точно одредна целна група

Дали го знаете профилот на вашиот совршен потрошувач? Таргетирањето, насочувањето на рекламните пораки кон конкретни интернет корисници може да биде правено земајќи широка палета на избор. Интернетот во денешно време, им нуди на огласувачите да допрат до потрошувачите за кои постојат најголеми шанси дека ќе се заинтересираат за нивниот продукт или услуга. Како опции можат да се набројат:

„Контекстуално“ таргетирање – поврзано со тоа што специфично корисникот бара или гледа на интернет
„Демографско“ таргетирање – поврзано со возраста на корисниците и регионите и градовите од кои користат интернет
„Содржинско“ таргетирање – поврзано околу специфично парче на содржина, како на пример видео
„Бехаверијално“ таргетрирање – базирано на претходни интереси, избор на опции на интернет
„Локациско“ таргетирање – базирано на тоа каде се наоѓате во моментот

Рекламирањето може да биде и ограничено со „frequency cap“, што во превод значи да се ограничи бројот на прикажување на конкретна реклама по уникатен корисник. Со ова се зголемува ефикасноста на буџетите, досегот на кампањата и се намалува нивото на фрустрација кај корисниците на кои им се сервираат едни исти реклами одново и одново.

7.Рекламните кампањи на интернет се најфлексибилни. Интернет кампањите можат да се прилагодуваат со само неколку клика додека сеуште траат. Вие ќе имате флексибилност да одговорите навремено на секој нов развој на ситуацијата и да ги направите потребните промени моментално. Слично, имате можност да ги паузирате вашите кампањи или да ја прилагодувате вашата стратегија во неколку минути. Оваа можност ви дозволува секогаш да останете еден чекор пред вашите потенцијални клиенти – да ги препознаете навремено потребите на потрошувачите и да ги прилагодите вашите реклами, а со тоа да заштедите на време и пари.

8.Во интернет нема лимит на креативноста. Интернетот е дотолку еволуиран што овозможува користење на богата палета на разни дигитални дисциплини. Сега, рекламирањето на интернет може да пласира секакви видови на интерактивни и забавни опции, од иновативни реклами за подигање на свеста за брендот, до аудиовизуелниот бран на pre-roll видео или homepage takeover реклами. Најдобриот дел од сето ова е што одлично се вклопува во животите на потрошувачите како никој друг медиум – во маалата, на работа, дома, во авион или на клупата во паркот. Секаде е присутен. Добро креирана, испланирана и дизајнирана реклама, може да ја претвори вашата интернет кампања од добра во одлична!

9.Следете ги сите резултати во реално време. Интернет рекламата ви дозволува да ги видите резултатите како што се одвиваат и имате можност да превземете акција навремено доколку нешто не е во ред. Ниеден друг медиум не ја нуди оваа можност. Оваа уникатна опција е неверојатно моќна, а сепак толку лесна за користење, можете да ја пуштите вашата кампања и да ги видите реакциите од потрошувачите за само неколку минути.

10.Интернет рекламата е видлива и присутна на различни уреди.

Лаптоп, таблет, мобилен телефон, на веб сајтови, на социални мрежи, апликации, видеа… Вашата интернет реклама може да биде на сите места каде што се вашите потрошувачи. Во модерниот свет луѓето користат голем број на уреди во секој момент од деноноќието, а мобилните телефони на пример, се неодвоив дел од нашиот живот.

Доколку сакате да бидете актуелни, интересни и ефикасно да ги трошите вашите пари, размислете за рекламирање на интернет и побарајте специјалисти кои можат да ви помогнат правилно да одберете најдобрата можност за вас и вашиот бизнис.