Како да се рекламирам преку EasyPlatform? Често поставувани прашања.


На оваа страница ќе ја пронајдете целата потребна информација за тоа како да стартувате реклами преку EasyPlatform, како сами да ги создадете и проследувате вашите кампањи во платформата.


EasyPlatform е интерактивна платформа за онлајн рекламирање. Преку EasyPlatform може да стартувате интернет реклами во голем број веб сајтови истовремено, да го популаризирате вашиот производ или услуга пред вашите потенцијални клиенти и на овој начин значајно да ги зголемите вашите продажби.

EasyPlatform соработува со над 60 македонски веб сајтови, а нивната заедничка опфатеност е над 60% од интернет аудиториумот во Македонија. Видете ја тука целосната листа со сајтови. Вашата реклама ќе се прикажува во сите сајтови (немате можност да одберете само неколку сајтови). Целта на овој начин на рекламирање е да добиете масовна опфатеност и да достигнете до што е можно поширока публика.

Секој огласувач во EasyPlatform плаќа само за рекламирањето, без дополнителни трошоци или провизии. Потребно е да одлучите со каков буџет сакате да се рекламирате и истиот да го уплатите преку банка или со кредитна картичка директно во вашата виртуелна сметка во платформата. Уплатата со кредитна картичка се врши преку менито Фактурирање » Плаќања Фактурирање » Нова наплата и сумата без ДДВ се додава во вашата виртуелна сметка во платформата веднаш. Вашата виртуелна сметка е дел од вашиот акаунт во платформата, кој може да го создадете брзо, лесно и потполно бесплатно на следниот линк: РЕГИСТРАЦИЈА ВО EASYPLATFORM.

Откако имате направено уплата на буџет за рекламирање, можете веднаш да ја стартувате вашата реклама и де бидете сигурни дека ќе потрошите за рекламирање точно толку колку што сте одлучиле без ризик трошокот да го натфрли одредениот буџет за рекламирање.

Можете сами да одлучите со каков буџет сакате да се рекламирате, меѓутоа не помалку од 50 евра без ДДВ. Уплатата на буџет за рекламирање се врши преку банка на трансакциска сметка на EasyPlatform во Македонија или преку кредитна картичка директно во виртуелната сметка во вашиот акаунт Фактурирање » Плаќања Фактурирање » Нова наплата .

Имате можност да изберете помеѓу два начини на плаќање – преку банка на трансакциска сметка на EasyPlatform или преку кредитна картичка.

Доколку сакате да направите уплата преку банка, контактирајте го нашиот тим. Ќе ви ги испратиме потребните банкарски информации и ќе ви помогнеме со се што е потребно.

Доколку сакате да направите уплата со кредитна картичка, потребно да се регистрирате во EasyPlatform и потоа да го одберете следното Фактурирање » Плаќања Фактурирање » Нова наплата . Во менито “Нова наплата” може да ги внесете потребните информации за кредитната картичка и сумата која сакате да ја уплатите.

По успешната трансакција, уплатената сума ќе биде автоматски внесена во вашата виртуелна сметка во вашиот профил. Ќе ви биде генерирана електронска фактура со електронска шифра, која можете да ја преземете од менито Фактурирање » Фактури.

За да стартува вашата реклама потребно е прво да се создаде кампања во платформата која ќе ги содржи сите потребни подесувања:

  • Име на кампањата – поставете име на секоја ваша рекламна кампања така што да можете да разликувате за што е наменета и како е таргетирана, примерно: "ХотелМамаМиа - Банери - Mobile"
  • Избор на сајтови, во кои не би сакале да се прикажуваат вашите реклами – од сите 60 сајтови може да исклучите до 10 во кои не би сакале да се прикажуваат вашите реклами, во зависност од вашите лични желби или со цел дистигнување до точната таргет група.
  • Определување на дневен и вкупен буџет на кампањата – потребно е да одберете со каков буџет на ден и вкупно сакате да се рекламирате. Освен тоа може да поставите и одреден вкупен буџет за една кампања, што е од голема корист тогаш кога имате повеќе од една кампања и сакате да го распределите уплатениот буџет помеѓу нив. Оваа функционалност ви гарантира дека секоја кампања ќе потроши точно колку што сте определиле.
Доколку сакате за вашите рекламни кампањи може да ги користите и следните опции за таргетирање:
  • Избор на тип уред ( мобилни телефони, декстоп компјутери или таблети )
  • Избор на оперативен систем ( Windows, Apple, Android, Linux )
  • Избор на часови од деноноќието
  • Избор на населени места во Македонија
  • Избор на кориснички интереси
Откако ќе ги направите сите потребни подесувања на кампањата, зачувајте ја преку копчето Снимање и преминеете кон поставување на рекламни банери или текстуални огласи. А доколку немате сопствени реклами, обратете ни се и ќе ви помогнеме со нивната изработка.

Една кампања може да има три возможниСостојби во платформата: Паузирана, Во тек, Исполнета.

  • Паузирана – кампањата е автоматски поставена на пауза од некоја причина. За да дознаете каква е причината за тоа, задржете го курсорот на глучвето над знакот ? кој се наоѓа веднаш до состојбата на кампањата.
  • Во тек – сите потребни услови се исполнети, кампањата е онлајн и вашите реклами се прикажуваат
  • Исполнета – вашата кампања ги има достигнато зададените од вас ограничувања за рок или за вкупен буџет (или и двете) и веќе не се прикажува онлајн.

Преку Статусот на кампањата, вие може да контролирате дали одредена кампања да биде активна во платформата. Кампањите имаат два статуса - Активна и Сопрена:
  • Активна - вие сакате кампањата да се прикажува
  • Сопрена - вие НЕ сакате кампањата да се прикажува
За да го промените статусот на вашата кампања потребно е да кликнете врз него и да го корегирате. Промените се зачувуваат во моментот и вашата кампања се стопира или се активира за неколку минути.

Секако! Можете да правите измени во кампањата во било кој момент. За неколку минути по направената промена таа ќе биде одразена и применета. За да вршите измени на вашата рекламна кампања кликнете на нејзиното име или на линкот со наслов Промена.

Во Македонија EasyPlatform нуди рекламирање на принципот Pay-per-Click. Ќе платите (од вашата виртуелна сметка ќе се одземат пари) само тогаш кога некој ќе кликне на вашата реклама и кога тој клик е валиден. За прикажувањето на рекламите (импресиите) не се наплаќа, но имате точен извештај за тоа колку импресии и кликови оствариле вашите реклами и до колку точно уникатни корисници достигнале.

Цената по клик за рекламирање со банер изнесува 0.09 eur, а цената по клик за рекламирање со текстуален оглас со слика изнесува 0.06 eur. Цените по клик се фиксни така што знаете точно колку кликови ќе се исполнат на вашите реклами за одредениот рекламен буџет.

Да, платформата ги рангира рекламите според така наречениот "Ad Score", кој е севкупност од факторите CTR (кликаност / Click-Through-Ratio) и PPC (трошок за клик / Price-Per-Click). Ad Score на секоја рекламна кампања е менлива величина, која се формира во зависност од нејзиниот резултат за одреден период од време. Ad Score се пресметува за секоја посебна рекламна зона во сајтовите кои учествуваат во платформата, што значи дека една кампања може да има силен ефект во сајт со женски аудиториум и слаб ефект во сајт со машки аудиториум и со тоа нејзиниот приоритет на овие две различни рекламни позиции ќе биде различен. Овој механизам дополнително помага вашите реклами да се прикажуваат таму каде што ќе има поголем кориснички интерес.

EasyPlatform овозможува да се рекламирате со два типа на реклами – класични банери со димензии 300х250 или со огласи кои содржат текст и слики. Тие два рекламни формати имаат различна визија и различно влијание врз корисниците:

Огласот е лесна за ажурирање контекстуална реклама, која се состои од наслов, текст и неколку слики. Тој е соодветен за промовирање на одредена понуда и производи со повеќе текст, коj ги опишува карактеристиките и предностите на производот. Димензиите на сликите, кои може да ги додадете кон еден оглас се: 400x300px и 600x314px. Кога во еден оглас имате додадено повеќе од една слика, тие се ротираат наликувајќи на слајдер и корисниците можат да ги разгледуваат. На овој начин може да покажете неколку различни слики кои ќе ги прикажуваат, опишуваат и промовираат вашите производи или услуги.

Банерот е интерактивен рекламен формат, кој може да биде динамичен (html5, gif) или статичeн (.jpg, .gif, .png). Овој формат е соодветен за брендови кои имаат интересна визија и понуда, која може да се прикаже преку банер. При рекламирање со ваков формат, препорачуваме да се користи динамичен html5 банер – со таков банер ќе ги искористите максимално предностите на интернет рекламирањето и ќе ги импресионирате потенцијалните клиенти. Овој формат е посебно соодветен за огласувачи кои се фокусираат на имиџ реклама и проширување на нивниот brand awareness. Доколку имате потреба од изработување на банер, обратете ни се и со задоволство ќе ви помогнеме. Имаме долгогодишно искуство во изработка на рекламни формати за интернет кои не се само убави, туку ги содржат сите потребни елементи за еден банер да биде ефективен и да “продава”.

Можете да создадете рекламен оглас директно во вашиот профил преку копчето Performance -> Текстуални огласи и потоа Додавање на нов оглас или стиснете на линкот Нов текстуален оглас кој се наоѓа веднаш под името на рекламната кампања.

  • Внесете наслов на вашата реклама (макс 30 карактери)
  • Внесете опис на вашата реклама (макс 80 карактери)
  • Внесете го целосниот линк до страницата кон која сакате да однесуваат вашите реклами
  • Полето Видлив линк ќе се пополни автоматски
  • Слики за рекламниот оглас може да атачирате од вашиот компјутер или да ги користите сликите од нашата богата Галерија со квалитетни Stock фотографии.
    За секој оглас се потребни две слики – една со димензии 400х300px и една со димензии 600х314px, на овој начин вашата реклама ќе биде оптимална и видлива на сите рекламни зони.
  • Внесете клучни зборови, кои го активираат дополнителното текстуално таргетирање – кога на одредена веб страница ќе се најде некој од вашите клучни зборови, вашата реклама ќе се прикажува приоритетно на оваа страница.

Можете да атачирате банер од линкот Нов банер веднаш под името на рекламната кампања во вашиот профил.

  • Одберете го типот на банерот – дали е HTML5 банер или слика (.jpg, .gif или .png)
  • Доколку атачирате HTML5 банер, одберете ја димензијата на банерот (300х250)
  • Додадете го банерот од вашиот компјутер
  • Внесете го целосниот линк кон страницата до која сакате да ги однесувате корисниците откако ќе кликнат на вашиот банер
  • Полето Видлив линк ќе се пополни автоматски
  • Во полето Преглед ќе се визуелизира вашиот банер, за да може да го прегледате.
  • Кога атачирате HTML5 банер, задолжително е да атачирате и негова алтернативна статична слика, која ќе се прикажува на корисниците тогаш кога тие користат стара верзија на пребарувач кој не овозможува да се прикаже исправно вашиот html5 банер.

Можете да следите детална статистика за одвивањето на вашите реклами во реално време. Отворете го менито Извештаи и користете ги опциите за филтрирање, за да генерирате извештај по датум, по веб сајт, по кампања, по рекламен формат итн.

За да стартувате сами рекламна кампања во платформата, пратете ги следниве чекори:

  1. Создајте сопствен профил во платформата преку регистрација на следниов.
  2. По успешен влез во вашиот профил направете уплата на посакуваниот буџет за рекламирање.
  3. Создајте ја вашата прва рекламна кампања со огласи или со банери.
  4. Создајте барем еден оглас или атачирајте банер во новокреираната кампања.
  5. Проверете дали кампањата е состојба Състояние: Во тек - тоа значи дека сите потребни услови за стартување на рекламата се исполнети.

Можете за било какви прашања или потреба од помош да ни се обратите на email: macedonia@easyplatform.com или на тел. 077 44 10 44.